Година на ракот

Декларација

Декларацијата на Алијансата на пациентски организации (АПО) ја нагласува итноста од разрешување на проблемот со растечкиот број на заболените од рак и континуираното зголемување на смртноста во Република Македонија.

Кои се целите кои сакаме да ги постигнеме?
Главна цел: приоретизирање на ракот во Република Македонија , креирање на нови здравствени политики и воведување на Национална стратегија за контрола на ракот со што би се постигнало:
• Намалување на прераната смрт од рак во РМ
• Подобрување на квалитетот на живот на болните од рак во РМ
• Зголемување на стапката на прежививање од рак во РМ

 

Дознајте повеќе

Декларацијата на Алијансата на пациентски организации (АПО) ја нагласува итноста од разрешување на проблемот со растечкиот број на заболените од рак и континуираното зголемување на смртноста во Република Македонија.

Во моментов нашата држава е на второ место во југоисточна Европа по стапката на смртност од рак*.

Во последните 12 години во Република Македонија стапката на смртност од рак е зголемена за 9 проценти, а бројот на новозаболени е во постојан пораст паралелно со зголемување на смртноста. Смртноста во 2008 година брои 2788*, а во 2012 година таа бројка изнесува 4625** починати од рак (последен податок). Во 2012 година бројот на новозаболени пациенти од сите видови на рак изнесува 7330**. Трите најчести видови на рак во Република Македонија се: рак на бели дробови, рак на дојка, рак на дебело црево.

Инвестицијата на државата во растечкиот проблем со ракот е инвестиција за социјална и економска добросостојба на државата и нејзините граѓани. За таа цел е потребна подршка на оваа иницијатива од страна на сите сегменти на општеството: влада, меѓународни организации, граѓанското општество и бизнис заедницата.

Референци:
* The Cancer Atlas http://canceratlas.cancer.org
** EUCAN (International Agency for research on cancer & WHO) http://eco.iarc.fr/eucan

 

Цели за периодот 2017-2020

Цел 1: Да се подобри превенцијата, пристап до рана дијагностика и скрининг на популацијата за сите типови рак

• Да се зголемат напорите за намалување на употребата на тутунот и алкохолот кај општата популација.
• Да се зголеми свесноста за потребата од спроведување на едукативни кампањи кај општата популација, заедно со едукација за рано препознавање на симптомите на ракот.
• Промовирање на здрав начин на живот и исхрана.
• Залагање за обезбедување на достапни скрининг програми за кои е докажано дека се ефикасни за засегнат дел од популацијата.
• Да се поттикнат властите да спроведат мерки со кои ќе се заштити популацијата од еколошки и индустриски канцерогени материи.

Цел 2: Да се овозможи еднаков пристап до стандардните и нови лекови и методи на лекување за болните од рак во РМ

• Обезбедување на посебен буџет со цел за се овозможи и зголеми пристапот до современи онколошки лекови кои имаат потврдена ефикасност и квалитет.
• Достапност до современо лекување на пациентите во рана фаза на рак и прва линија на метастатска болест во согласност со националните и мегународно признатите препораки за лекување врз медицина базирана на докази.
• Развој на мрежа на центри за лекување и поддршка на болните од рак, составени од стручни здравствени работници и можности за современо лекување, палијативна нега и психолошка поддршка.
• Да се стимулира транспарентна и етичка соработка со фармацевтската индустрија со цел зголемување на достапноста до современи онколошки лекови со потврден квалитет преку специфични програми и договори.

Цел 3: Да се воведат програми за следење на заболените од рак како и воведување на системи за следење на преживувањето со цел да се мерат негативните последици и влијанието на ракот врз здравствениот систем и општеството

• Воведување на сеопфатен национален регистар за рак за следење на: инциденца, смртност, преваленца и лекување на сите заболени од рак.
• Националниот регистар за рак да биде задолжителен за пополнување на сите нивоа на здравствена заштита (матичен лекар, специјалист) каде што заболениот од рак добива било каква здравствена услуга или лекување.
• Употреба да податоците од националниот регистар за рак со цел изработка на анализа за зачестеноста на ракот и преживувањето како и вјиланието од имплементираните мерки за контрола на ракот врз здравствениот систем и општеството.
• Употреба на податоците од националниот регистар за рак со цел поставување на приоритети во националниот план за контрола на ракот.

Цел 4: Да се намали стигмата и митот за ракот како неизлечлива болест

• Зголемување на свесност и информираноста за превенцијата, рано откривање, лекување и преживување од ракот помеѓу општата популација;
• Пристап до информации и емоционална поддршка за пациентите и нивните семејства;
• Охрабрување на лицатата кои се соочиле со рак да зборуваат за нивните искуства и споделување на нивната лична борба.

Цел 5: Да се зголеми едукацијата на сите нивоа (здравствени работници, пациенти и општа популација) за да се подбри информираноста и капацитетите на засегнатите страни

• Да се зголеми свеста преку едукација и кампањи за намалување на ризикот од рак, заедно со јавна и професионална едукација за предупредувачките знаци за рак.
• Да се зголеми бројот на здравствени работници со формализирана експертиза во сите дисциплини за контрола на ракот и на сите нивоа на здравствени услуги, преку можности и стипендии за иновативна специјалистичка обука што ќе овозможат на лекарите да се едуцираат во развиени онколошки центри.
• Да се работи колективно за решавање на националниот недостиг на здравствени работници и се поголемата нееднаквост што произлегува од тоа.

Цел 6: Да се воведе Национален план за контрола на ракот

• Ракот да биде приоритетно здравствено прашање во агендата за развој бидејќи претставува голема закана за економскиот и социјалниот развој
• Да се превземат активности за вклучување на сите засегнати групи во развивање, ажурирање, наоѓање ресурси и спроведување на национален план за контрола на рак.
• Да се овозможи интегрирање на плановите за контрола на ракот во новите национални планови за незаразни болести (Здравје 2020)
• Да се воспостават партнерства меѓу владините сектори, невладините организации, граѓанските здруженија и бизнис секторот (кога е соодветно) за да се зголемат националните инвестиции во превенција, лекување и контрола на ракот.
• Активно вклучување на болните од рак и нивните семејства во планирањето на контролата од рак
• Одвојување на медицинската онкологија од радиотерапијата.

Со потпишување на оваа Декларација ни помагате во остварување на нашите цели во борбата против ракот во нашата држава.

Да помогнеме да се продолжи животот на оние на кои им е најпотребно!

Јас (име и презиме)

од (место на живеење)

e-mail (нема да биде јавно прикажана, ниту објавена на трети страни)

ја поддржувам Декларацијата за прогласување на година на ракот во Република Македонија и се согласувам со сите наведени ставки.