Хепар центарот потписник на Декларација

Со цел приоритизирање на ракот во Р. Македонија, креирање на нови здравствени политики и воведување на национална стратегија за контрола на ракот Хепар центарот од Битола потпиша декларација за прогласување на година на ракот во Р. Македонија . Декларацијата на Алијансата на пациентски организации ја нагласува итноста од разрешување на проблемот со растечкиот број на заболени од рак и континуираното зголемување на смртноста во државава

-Со оваа Декларација основната цел која што сакаме да ја постигнеме е да се намали стигмата на митот за ракот како неизлечлива болест. Ќе се овозможи намалување на прераната смрт од рак во Р. Македонија, подобрување на квалитетот на живот на болните од рак во државава и зголемување на стапката на преживување од рак во Македонија, изјави Милан Мишковиќ, Хепар центар Битола…

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ИНТЕРВЈУТО ВО ЦЕЛОСТ