За нас

Водени од потребата за зголемување на ефективноста на инцијативите на граѓанскиот сектор во здравствениот систем, предизвиците поврзани со реформите во здравството и проблемите со кои се соочуваме години наназад, претставуваше поттик петте оргнизации да се здружиме и организирано да делуваме во насока на оформување на Алијанса на пациентски организации, која би се конституирана на национално ниво.

Алијансата на пациентски организации – АПО е невладино и непартиски тело кое е ориентирано кон сите пациенти во Република Македонија и претставува голем исчекор во здравствените политики на нашата држава. Таа претставува сублимат од повеке граѓански организации кои заеднички ќе работат на оваа тема и кои заеднички ќе придонесат во развојот на граѓанското општество во насока на реализирање на активности насочени кон доброто владеење и создавање на општествени промени, со посебен акцент на промени во здравствениот систем на нашата држава. Алијансата  во својата работа ќе ги опфаќа сите региони во Македонија и ќе даде огромен придонес на сите граѓани-пациенти во нашата земја.

Воведувањето на принципот на еднакво трипартитно партнерство меѓу државните органи, здрженијата на пациенти и здравствените институции ќе претставува можност за унапредување на демократијата, децентрализација на здравствените услуги и можност за учество во донесување на заеднички одлуки, стратегии, креирање на политики и практитки во здравствениот систем со цел воспоставување на партнерски однос кој ќе биде меѓусебно зависен но истовремено oтворен, транспарентен и рамноправен и ќе допринесе во унапредување на актуелната состојба на пациентите во нашата земја.

 

СТАТУТ НА АЛИЈАНСАТА