Цели и активности

Алијансата ќе се стреми кон остварување на следните цели,

● овозможување на достапност за лечење, подобрување на условите за лечење и подобрување на квалитетот на живот на пациентите

● (Политики во здравство) Развој, унапредување и учество на граѓанскиот сектор во донесувањето и контрола на здравствениот систем на Р.М. заради заштита на правата на пациентите кои боледуват од различни видови на болести

● (Застапување) Вклучување на претставници од пациентските организации во  донесувањето и контрола на здравствениот систем на Р.М. заради овозможување на достапност за лечење, подобрување на условите за лечење и подобрување на квалитетот на живот на пациентите

● (Лобирање) Воведување на принципот-рамноправно тристрано партнерство- за соработка помеѓу државните органи, организациите на медицинските работници и пациентските здруженија во планирање, изработка и примена на стратегии, критериуми, норми, политики и пракса во системот на здравствена заштита во Р.М. и заштитата на пациентските права и потреби

● (Развојна стратегија) Развој и утврдување на лични норми и правила на работа на пациентските здруженија, како и нивното взаемно дејство со институциите, медиумите и општеството заради унапредување и подобрување на животот и правата на пациентите кои боледуваат од разни болести.

 

Целите на Алијансата ќе се остваруваат преку следните активности:

● Изработка на општа политика на дејствување на членовите на Алијансата во однос на правилата за работа со своите членови, односнот со трети лица и укажување на помош на здруженијата, чија што работа е сврзана со заштита на правата на пациентите, подобрување на условите за лечење на пациентите, подобрување на квалитетот на живот на пациентите

● Посредување во решавањето на взаемни спорови помеѓу своите членови

● Разработка, организирање и кофинансирање на проекти и програми од фондовите за финансирање

● Организирање на конференции, јавни трибини, предавања, семинари, тркалезни маси, средби со државни органи од секое ниво и институции, во врска со целите и задачите на Алијансата како и на членките на Алијансата

● Разработување на национални и регионални програми и методи за подобрување на теоретската и практична работа, сврзана со заштита на правата на пациентите, осигурување на достапно и соодветно лекување, подобрување на условите за лекување и поквалитетен живот на пациентите

● Информирање на граѓаните, особено на пациентите заболени од различни видови на болести за целите и задачите на Алијансата и неговите членки, за активностите и потребните дејствија за заштита и унапредување на животот на пациентите

● информирање преку средствата за јавно информирање и електронските медиуми, како и преку сопствени извори за информирање брошури, публикации, билтени, весници и друг информативен материјал

● Спроведување на одредени истражувања на јавното мислење и објавување на резултатите од истите за актуелните прашања од посебен интерес на граѓаните и пациентите заболени од различни видови на болести

● Прибирање на самостојни проекти и иницијативи од истакнати експерти од оваа област и нивно промовирање во јавноста а се во врска целите и задачите на Алијансата и на членките на Алијансата

● Подигање на меѓународниот углед на Република Македонија во содејство со разните меѓународните организации определени за работа во областа на дејност и целите на Алијансата

● Укажување на соработка и можностите на пациентите и пациентските организации за достапност до информациите за здравствените политики и иницијативи на странките, Алијансата, државата, ЕУ и ООН.