Програма за работа

Алијансата ја промовира својата Програма за работа (дејствување) на Алијансата на пациентски организации, во која се вклучени целите и задачите со проширени определби:

1. Развој, унапредување и учество на граѓанскиот сектор во донесувањето и контрола на здравствениот систем на Р.М. заради заштита на правата на пациентите кои боледуват од различни видови на болести.

2. Вклучување на претставници од пациентските организации во донесувањето и контрола на здравствениот систем на Р.М. заради овозможување на достапност за лечење, подобрување на условите за лечење и подобрување на квалитетот на живот на пациентите.

3. Воведување на принципот-рамноправно тристрано партнерство- за соработка помеѓу државните органи, организациите на медицинските работници и пациентските здруженија во планирање, изработка и примена на стратегии, критериуми, норми, политики и пракса во системот на здравствена заштита во Р.М. и заштитата на пациентските права и потреби.

4. Развој и утврдување на лични норми и правила на работа на пациентските здруженија, како и нивното взаемно дејство со институциите, медиумите и општеството заради унапредување и подобрување на животот и правата на пациентите кои боледуваат од разни болести.

5. Прогласување на национална стратегија и мисија за борба против ракот во период од 2016 до 2020 година.

6. Подигнување на свеста кај општата и стручната јавност за прашања поврзани со малигните заболувања и други заболувања, поттикнување на социјалната вклученост на луѓето кои се соочуваат со нив.

7. Потпомагање, обединување, насочување и информирање на луѓето со малигни и други заболувања и нивно адаптирање кон општеството.

8. Развивање силна мрежа во борбата за обезбедување соодветна дијагностика, третман, нега и рехабилитација на луѓето кои се соочуваат со малигни заболувања и други заболувања.

9. Работа со луѓе со малигни и други заболувања и нивно зајакнување.

10. Промоција на недискриминација и еднаквост за сите во областа на здравствената и социјалната политика.

11. Вклучување на Алијансата во развиените мрежи за малигни и други заболувања, на регионално, Европско и светско ниво.

12. Потпомагање на професионален развој и квалификации на лекарите во областа поврзана со профилактика, дијагностика, лечење и рехабилитација на малигните заболувања и други заболувања.

13. Запознавање на општеството со особините на заболувањата, профилактиката, дијагностиката, лечењето и рехабилитацијата на малигните заболувања, со физиолошките и психолошките последици од нив.

14. Насочување, потпомагање и развој на истражување на малигните и други заболувања во Македонија и странство.

15. Создавање и одржување на контакти и дијалог меѓу алијансата и раководните органи и институции во Р. Македонија, за односот кон малигните заболувања и тоа со:
– Министерство за Здравство
– Министерство за Труд и Социјална Политика
– Министерство за Финансии
– Фонд за Здравствено Осигурување на Р. Македонија
– Институт за Јавно Здравје
– Комисија за Здравство при Собрание на Р. Македонија
– Комисии за заштита на права на пациентите при локалната самоуправа
– Светска Здравствена Организација
– други надлежни органи и институции

16. Зајакнување на капацитетите на членките на Алијансата.

17. Спроведување истражувања и анализи на полето на малигни и други заболувања, човековите права, социјалното вклучување, (не)дискриминацијата, здравствената заштита, вработувањето, образованието, како и предлагање мерки за надминување на утврдените проблеми.

ПРОГРАМА НА АЛИЈАНСАТА